Трагедија во Аргентина: Автобус падна во река, најмалку девет загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Девет лица загинаа, а 29 се повредени денес во североисточна Аргентина, каде што автобус падна на неколку метри од мост, откако се судрил ао автомобил, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила околу 4:30 часот наутро по локално време, кога двокатен автобус со околу 50 патници се судрил со автомобил што доаѓал од спротивната насока во близина на градот Обера (1.000 километри од Буенос Аирес), соопшти покраинската полиција. Автобусот потоа излетал од патот, ја пробил оградата на мостот и паднал под него, делумно се нашол во речното корито.

Повеќе од 100 пожарникари и спасувачи биле распоредени на местото на настанот за да им помогнат на повредените.