Трагедија во Белград! Четиригодишно момче почина откако беше прегазено од автобус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четиригодишното момче, кое вечерва било прегазено од автобус за јавен превоз во Земун, им подлегнало на повредите во Детската болница во Тирсова, пренесуваат медиумите.

Според нивните информации, детето било повредено откако автобусот го прегазил додека влегувал во него.

До инцидентот дошло откако возачот ја затворил вратата бидејќи не го видел детето како влегува на скалите и поминал преку него.

Детето подоцна било префрлено во Детската болница во Тирсова.