Трагедија во Иран: Автобус ја изгуби контролата и се преврте, најмалку 13 загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патнички автобус се преврте во централен Иран, при што загинаа 13 лица, јавува агенцијата Ирна.

Автобусот се движел од градот Исфахан кон градот Машхад, а несреќата се случила кога удрил во тротоар и тргнал во спротивна насока, удирајќи во такси, а потоа се превртел, соопшти полицијата.

11 патници кои биле во автобусот и две лица во таксито починале, додека 13 се хоспитализирани.