Трагедија во Судан: Повеќе од 1000 лица загинаа во свлечиште

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 1000 луѓе загинаа во свлечиште кое уништи село во област на планини во западниот дел на Судан. Преживеа само едно лице, соопшти Суданската ослободителна војска.

Свлечиштето почнало на 31. август после повеќедневни обилни врнежи од дожд.

Движењето кое ја контролира областа Дафир, апелираше на Обединетите нации и меѓународните хуманитарни агенции да помогнат во пронаоѓањето на телата на жртвите, вклучувајќи мажи, жени и деца.

„Селото сега е целосно срамнето со земја“, инфомираа од движењето.