Трамп: Да не бев јас, Израел сега немаше да постои

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли тврдењата дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го манипулирал да започне војна против Иран, инсистирајќи дека одлуката била исклучиво негова.

„За да ме измами? Па, јас сум тој што ја започна“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, наведувајќи како причина дека на Иран „не може да му се дозволи да има нуклеарно оружје“, пренесува Ал Џезира.

Тој ги припиша таквите обвинувања на политичките противници. „Тие се само будали. Тие се луѓе кои не знаат што прават“, рече тој.

Трамп потсети дека неговите загрижености за нуклеарната програма на Иран датираат од неговиот прв мандат, кога САД се повлекоа од нуклеарниот договор од 2015 година постигнат за време на администрацијата на Барак Обама.

„Ова е важно за Израел бидејќи веројатно ќе биде првиот што ќе биде погоден“, рече тој.

„Ќе ви кажам нешто, да не бев јас, Израел денес немаше да постои.“