Трамп денеска ќе положи заклетва, тој вети дека ќе потпише стотици извршни наредби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доналд Трамп денеска ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, отворајќи уште еден турбулентен четиригодишен мандат со ветувања дека ќе ги поништи границите на извршната власт, ќе депортира милиони имигранти, ќе им се одмазди на неговите политички непријатели и ќе ја промени улогата на Америка во светската сцена.

Американскиот Устав предвидува дека мандатот на секој нов претседател започнува на 20 јануари напладне, по локално време во Вашингтон (18 часот по средноевропско време).

Инаугурацијата обично се одржува на западната страна од зградата на Конгресот под отворено небо, меѓутоа, во главниот град на САД температурите во моментов се спуштаат до 12 степени под нулата, поради што инаугурацијата на Доналд Трамп ќе се одржи во зградата на Капитол.