Доналд Трамп попладнево на Флорида ја одржа својата втора прес-конференција по победата на американските избори. Тој зборуваше за низа теми – од Украина и НАТО, до Панамскиот канал, заложниците во Газа и амбицијата да се преименува Мексиканскиот Залив.
Исто така рече дека „го спасил НАТО“, и дека повика на 5% трошоци за одбрана од страна на земјите членки, наместо досегашните 2%.
„Никој не знае повеќе за НАТО од мене. Да не бев јас, НАТО немаше да постои. Собрав од земји кои не плаќаа над 680 милијарди долари“, изјави Трамп.
Тој повика земјите членки наместо 2%, да одвојуваат од својот БДП 5%.
„Треба да биде 5%, а не 2%. Јас сум тој што ги натера да плаќаат 2%, но тоа сега не е доволно. Мислам дека секој може да си го дозволат тоа“, рече тој.
На НАТО самитот во Вилнус беа усвоени 2%, и Македонија го исполнува тој процент. Од земјите членки на НАТО, само Бугарија не го исполнува процентот за одвојување од својот БДП за НАТО.
