Американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми безбедносните мерки на два настани по убиството на американскиот патриот Чарли Кирк во Јута, јавува Скај њуз.
Американскиот претседател присуствуваше на годишнината од нападите на 11 септември во Пентагон, а потоа и на бејзбол натпревар во Њујорк.
Церемонијата на првиот настан беше преместена внатре како мерка на претпазливост, а потоа беа воведени дополнителни безбедносни мерки за време на натпреварот, при што властите поставија заштитно стакло за претседателот пред ложата на горниот кат каде што седеше, во присуство на снајперисти.
Трамп преживеа обид за атентат во Пенсилванија за време на претседателската кампања минатата година, а Кирк беше убиен во среда за време на јавно појавување на Универзитетот Јута Вали.
Телото на американскиот патриот Чарли Кирк беше префрлено со авионот на потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џеј Ди Венс „Ер Форс Два“ од Јута во Аризона, каде што живееше со своето семејство.
