Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека го назначил Брендан Кар за шеф на американскиот телекомуникациски регулатор (FCC), кого го опиша како „воин за слободата на изразување“ и кој сака „да ја врати контролата над технолошките гиганти“. .
„Кар е воин за слободата на изразување“, рече Трамп доцна синоќа.
Кар рече дека е неопходно „да се разоткрие картелот на цензура“, наметнат од технолошките гиганти како Фејсбук, Гугл, Епл и Мајкрософт.
Тој додаде дека сака да го „врати правото на Американецот на слобода на изразување“.
Неговото назначување беше поддржано од милијардерот Илон Маск.
Брендан Кар работи во FCC од 2012 година, а беше назначен за еден од комесари на тоа тело во 2017 година од Трамп за време на неговиот прв претседателски мандат. Претходно работел како адвокат специјализиран за регулаторни прашања.
