Трамп го опиша Маск како „патриот“ и „добар бизнисмен“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша милијардерот Илон Маск, кој раководи со Одделот за владина ефикасност, како „добар бизнисмен“, „брилијантен“, „добра личност“, „патриот“ и „најпаметен човек“, додека Маск се претстави како „технолог“ со мисија да го подобри светот.

Трамп и Маск го кажаа ова за време на заедничкото гостување на Фокс њуз, додека разговараа за мерките за намалување на бирократијата во американската влада.

Облечен во маица на која пишува „Техничка поддршка“, Маск објасни дека неговата улога е да му обезбеди технолошка поддршка на Трамп во спроведувањето на неговите извршни наредби, опишувајќи ја неговата работа како „отсекување на бирократијата во обид да се обноват демократијата и волјата на народот“, додавајќи дека тој има за цел да го намали дефицитот на САД.