Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин овој месец, во објавата во која го обвини украинскиот претседател Володомир Зеленски дека е виновен за руската инвазија.
Откако се обрати на новинарите по средбата на руските и американските преставници во Саудиска Арабија, Трамп ги отфрли обвинувањата дека и Киев требало да учествува во преговорите за крај на војната.
„Мислам дека имам моќ да ја завршам оваа војна, и мислам дека ни оди многу добро. Но, слушнав дека некој се жали зошто не бил повикан. Па, таму сте веќе три години, требаше да го завршите тоа“, рече Трамп.
„Не ни требаше да ја почнувате војната, можевте да се договорите. Јас можев да склопам договор за Украина“, кажа Трамп.
Американскиот претседател рече дека сега е „многу повеќе уверен“ во постигнување на договор после разговорите во Ријад кои ги водеа американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Беше многу добар состанок, Русија има желба да направи нешто“, рече тој.
