Иран е официјално пропадната држава која нема морнарица, воздухопловство, валута, а инфлацијата изнесува 300 отсто, порача денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој на својот профил на социјалната мрежа „Truth Social“ изнесе тврдење дека Иран не ги исплаќа своите војници и припадници на полицијата, како и дека иранските лидери се во „целосен хаос“.
„Единственото што го имаат се лажните вести од САД, подготвеноста да ги убиваат своите демонстранти (сега има над 100.000 загинати. Мора да им се суди за воени злосторства против човештвото), како и голема доза глупости“, тврди Трамп.
