Трамп ја испраќа Националната гарда кај демонстрантите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Секретарот за печат на Белата куќа, Кејли Мекенај на Твитер напиша дека американскиот претседател Доналд Трамп им наредил на Националната гарда и на другите федерални служби да реагираат на немирите во Вашингтон.

„Го потенцираме повикот на претседателот Трамп за ставање крај на насилството и сите да останат смирени“, напиша таа.

Вирџинија испраќа 200 војници да ја сопрат ситуацијата во Вашингтон, пренесува Си-Ен-Ен.