Во сабота наутро за кога е планиран погребот на папата Франциск, се очекува да присутвуваат повеќе од 200.000 лица, оцени Комитетот за јавен ред и безбедност на префектурата Рим на седницаа со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси.
Во рим се очекува да пристигнат преку 100 странски делегации.
Како што е најавено, во Рим ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп, а најавено е присуство и на францускиот претседател Емануел Макрон. На погребот свое присуство најавија и претседателот на Аргентина Хавиер Милеи, потоа украинскиот претседател Володомир Зеленски, како и многу други државни челници.
Ќе присуствува и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и многу други челници на ЕУ.
Италијанските влати ги преземаат сите потребни мерки за безбедност за време на погребот.
Телото на папата ќе биде денеска пренесено во базиликата Свети Петар, а јавноста од денеска до петок ќе може да му оддаде почит.
