Трамп најави царини за ЕУ: „Ја искористија Америка“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот претседател на САД Доналд Трамп планира да воведе царини за увоз од ЕУ, Канада и Мексико.

Тарифите за стоките увезени во САД од ЕУ ќе се случат „многу наскоро“, изјави тој.

„Тие навистина ги искористија САД“, рече Трамп за Европската унија, во 
говорот во кој најави можност за воведување дополнителни царини за Мексико и Канада. Трамп рече дека денеска ќе разговара со лидерите на Канада и Мексико за тарифите, кои треба да стапат на сила во вторник на полноќ.

Во саботата Трамп најави увозни даноци од 25% за канадски и мексикански стоки, пти што канадската енергија се одданочува со пониска стапка од 10%. Канада и Мексико најавија исто така тарифи за американските стоки од 25%.

„Тие не ни ги земаат автомобилите, не ни ги земаат нашите земјоделски производи. Тие не земаат речиси ништо, а ние земаме сè, милиони автомобили, огромни количини храна и земјоделски производи“, рече Трамп, пренесе Би-би-си.