Трамп: Некои работи не се менуваат – нема враќање на Крим и нема членство на Украина во НАТО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп, на својата платформа „Truth Social“, го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на три и полгодишниот конфликт со Русија.

„Украинскиот претседател Зеленски може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш, ако сака, или може да продолжи да се бори. Да се потсетиме како беше. Нема враќање на Крим кој го даде Обама, и Украина нема да се приклучи на НАТО. Некои работи никогаш не се менуваат“, напиша Трамп.

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф, изјави дека Трамп и неговиот руски колега Путин се сложиле на состанокот на Алјаска во петок околу силни безбедносни гаранции за Украина, додавајќи дека тие гаранци и се пресвртница.

Тој, исто така, рече дека Русија направила територијални „отстапки“ во однос на пет украински региони, пред состанокот меѓу Зеленски и европските лидери во Белата куќа во понеделник.

„Русите направија отстапки на масата во врска со сите пет региони. Се води важна дискусија за Донецк“, рече Виткоф.