Трамп: Нема да учествувам на виртуелна дебата со Бајден

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседатлеот на САД Доналд Трамп, истакна дека нема да учествува на втората дебата со неговиот противкандидат Џо Бајден.

Најавено беше дека дебатата ќе биде виртуелна, односно на далечина поради позитивниот тест на коронавирус на Трамп, но претседателот одби да учествува.

„Нема да одам на виртуелна дебата. Нема да го трошам моето време за виртуелна дебата“, рече Трамп.

Трамп до вчера беше во болница поради позитивен тест на Ковид-19, но денеска се врати во „Белата Куќа“.