Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака до Техеран преку неговата социјална мрежа Truth Social. Објавата е придружена со фотографија на која Трамп држи автоматска пушка, со натпис над неа: „НЕМА ПОВЕЌЕ Г-ДИН ФИН!“ (NO MORE MR. NICE GUY!) до американското знаме.
„Иран никако да се соземе. Не знаат како да потпишат ненуклеарен договор. Подобро им е брзо да се опаметат!“ порача Трамп во својата последна објава.
Трамп исто така тврди дека добил информации оти Иран се наоѓа во исклучително тешка внатрешна состојба. Тој изјави дека земјата е во „состојба на колапс“ и дека Техеран бара итно отворање на Хормушкиот теснец додека се обидува да ја реши кризата со државното раководство.
„Во моментов го правам со Иран она што другите држави или претседатели требаше да го направат одамна“, додаде тој во својата порака, нагласувајќи дека неговата администрација нема да отстапи од сегашниот курс.
