Трамп призна дека за време на телефонски разговор го нарекол Нетанјаху „луд“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД, Доналд Трамо, изјави дека бил „загрижен“ поради постапките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, особено во врска со израелските напади врз Бејрут, во период кога САД работеле на постигнување мировен договор со Иран.

Тој дури и признал дека во еден телефонски разговор го нарекол Нетанјаху „луд“.

„Не би рекол дека бев лут. Бев малку загрижен поради неговиот постојан конфликт со Либан. Во еден момент му реков: ‘Биби, мора да го запреме ова’“, изјавил Трамп, осврнувајќи се на разговорот што го водел со Нетанјаху за ова прашање.

Во интервју за подкастот „Pod Force One with Miranda Devine“ на „New York Post“, Трамп рекол дека двајцата лидери имаат „многу добри односи“ и дека „многу добро соработувале“.

Тој додал дека доколку не ја започнел војната со Иран, „немало да постои Израел“.

„Не сакам никого да навредам, но јас ја започнав затоа што не можеме да им дозволиме да поседуваат нуклеарно оружје. Сега тоа му припаѓа на Израел, бидејќи тие веројатно ќе беа првите што ќе бидат нападнати. Немаше да има Израел“, изјавил Трамп.

Оваа порака се разликува од ставовите што ги изнесуваше американската администрација на почетокот на конфликтот, кога државниот секретар Marco Rubio изјави дека САД стравувале од можен израелски напад кој би предизвикал силен одговор од страна на Иран.