Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, размислува за поширока реконструкција на кабинетот откако ја отпушти државната обвинителка Пам Бонди оваа недела, поради растечкото незадоволство од политичките последици од војната со Иран, изјавија за Ројтерс пет извори запознаени со внатрешните дискусии во Белата куќа.
Според изворите, ниту еден од членовите на кабинетот во моментов не е во опасност да биде заменет, но неколку од нив се потенцијално изложени на ризик.
Меѓу оние кои би можеле да бидат отстранети се директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард, и министерот за трговија, Хауард Лутник, откако Трамп неодамна ги отпушти Бонди и министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.
