Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за воведување на авансна такса од 100.000 долари за аплицирање на зелена карта.
Стејт департментот го разгледува предлогот како дел од напорите на администрацијата на Доналд Трамп за ограничување на имиграцијата од странци со пониски приходи.
„Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори запознаени со плановите, објави дека мерката вклучува наметнување на големи депозити за безбедност за апликации за трајни имигрантски визи од странство, при што некои официјални лица разговараат за сума од 100.000 долари.
Стејт департментот првично размислува да ја тестира оваа политика во ограничен број на земји. Од апликантите ќе се бара да платат кауција, чиј износ може да варира од случај до случај. Парите би биле вратени откако лицето ќе стане државјанин на САД, процес кој би траел неколку години.
