Трамп се откажа од санкции: Колумбија, сепак, ќе прифати два американски авиони со мигранти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

САД нема да воведат санкции и царини за Колумбија откако земјата се согласи да ги прифати депортираните мигранти од САД, објави канцеларијата за односи со јавноста на Белата куќа. 

Во неделата, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе воведе одмазднички мерки на Колумбија кои ќе вклучуваат царини, санкции и забрана за патување откако јужноамериканската земја одби два американски воени авиони со депортирани мигранти. 

Трамп рече дека тој потег на колумбискиот претседател Густаво Петро ја загрозува американската национална безбедност.