Трамп со ново обраќање: Ве молам без насилства

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

409 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење...

Почина познатата глумица Мира Фурлан

Познатата глумица Мира Фурлан, почина на 65. години, објавено е на нејзиниот профил на „Твитер“, а пренесоа голем дел...

Силен земјотрес утрово го погоди грчкиот остров Крит

Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени, утрово го погоди грчкиот остров Крит. Земјотресот бил со епицентар во морето,...

Семејството Бајден постави нови украси во Белата куќа по заминувањето на Доналд и Меланија

Новата администрација на американскиот претседател Џо Бајден, се чини, не само што ќе ја промени државната политика, туку веќе...

Љубов под карантин – Англичанец со помош на робот ја запроси девојката

И покрај новиот карантин, Англичанецот Бен Хоган успеа да ја запроси својата девојка, и тоа – со помош на...

Во своето најново обраќање до нацијата преку Фокс њуз, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека тој не стои зад нападот врз Конгресот минатата недела и ги повика Американците да ги смират страстите, во време кога Претставничкиот дом расправа за негово отповикување.

– Во светло на извештаите за нови демонстрации, ве молам, не вршете никакво насилство, какво било кршење на законот или вандализам од каков било вид.Тоа е нешто за што никогаш не сум се залагал, ниту Америка. Ги повикувам сите Американци да помогнат во смирување на страстите и тензиите. Ви благодарам, рече Трамп, пренесува „Индипендент“.

Тој исто така ги повика „големите технолошки компании“ како Фејсбук и Твитер да помогнат во „мирната транзиција на власта“ следната недела.