Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека победата во Втората светска војна е постигната исклучиво благодарение на САД.
„Добивме две светски војни, но никогаш не ги презедовме заслугите за тоа – сите други го прават тоа! Низ целиот свет, сојузниците ја слават победата што ја имавме во Втората светска војна. Единствената земја што не слави се Соединетите Американски Држави, а победата беше постигната само благодарение на нас“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Тој процени дека, без САД, исходот од војната ќе беше поинаков и најави дека ќе прогласи национален празник.
„Без Соединетите Американски Држави, другите земји ќе ја добиеа војната, и колку поинаков ќе беше светот. Затоа, со ова прогласувам национален празник во чест на победите во Првата светска војна, каде што примирјето беше потпишано на 11 ноември 1918 година, и во Втората светска војна, каде што датумот на победата беше 8 мај 1945 година“, рече американскиот претседател.
