„Треба да излезам сега и веднаш“ – патник го врзале со селотејп во авион откако се обидел во лет да ја отвори вратата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Група на патници кои патувале на авионската линија Милвоки – Далас, успеале да скротат патник кој што сакал да го напушти авионот на летот додека авионот бил на 30.000 стапки.

Наводно патникот се обидел да ја отвори вратата од авионот во лет, по што предизвикал реакција од други патници, кои го скротиле, и со селотејп му ги врзале рацете и нозете, и успеале да го седнат на местото.

Сето ова се случувало во авионот ан Американ Ерлајнс 1915, а патникот на стјујардесата и рекол: „Морам да излезам сега и веднаш“, се вели во извештајот од Одделот за јавна безбедност на меѓународниот аеродром во Далас.

Човекот станувал се повознемирен и ситуацијата се влошила, по што стујардесата се јавила во задниот дел на авионот и им сигнализирала на патниците за помош.

Непослушниот патник притоа и нанел повреди на стујардесата на вратот. Патниците извадиле селотејп, го врзале, а потоа го држеле 30 минути додека слета авионот.

Откако авионот безбедно слетал, агентите на ФБИ го презеле патникот и го однеле на распит.