Производителите на кеси неколкупати биле на разговори во Влада, во Министерството за животна средина, по повод поскапувањето, но се пожалија дека не наишле на разбирање. Тие сметаат дека поскапувањето требало постепено да се одвива. 15 денари одеднаш е оптеретување на буџетот на граѓаните, ако се предвиди дека еден ѓеврек е 15, а 15 е и кесата што треба да ја платат за истиот.
„Искрено да ви кажам не ни знаевме дека се спрема нов закон, според кој сите кеси ќе бидат биоразградливи. Биоразградливиот материјал прво е недостапен, многу тешко се наоѓа и процесот за да се пренаменат фабриките и производителите е доста сложен процес кој треба да потрае подолго време..“, велат од Групацијата на производители при ССК.
Драстично е намалена рабоата на производителите на кеси, се поизвесно е дека ќе дојде до затворање на 30-тина, а без работа би останале околу 600 вработени. Една половна машина за производство на кеси од биоразградлив материјал е 500 000 евра, а самиот материјал е недостапен. Минимум 5 милиони евра треба да вложи секој производител за да се дојде до ова прозводство што го имаат сега.
„Откажани се сите поголеми нарачки од маркетиве и од нашите потрошувачи значи некаде на 10 % ќе паднеме во вкупното производство. Значи 90% го губиме производството“, вели Александар Боризовски.
Треба да се формира работна група со невладини организации, производители, трговци и професори од Универзитетите што јаразбираат оваа работа. Наместо да се увезува, треба да се рециклира и на отпадот да му се даде вредност апелираат призводителите на пластични кеси.
„Државата, Министерството бега од одговорност. По линија на помал отпор оди на затворање на фабриките. Можеме да најдеме други решенија. Во земјава минимална количина на вреќи што влегува е 100 тона месечно. А ние што можеме да правиме, да дадеме вредност на нешто што нема вредност“, истакна Зухан Јусуфи.
„2013-та стандардите се дефинирани, ние ќе продолжиме до први јуни 2023 година, тоа значи ќе имаат година и пол да се менуваат и производителите“, истакна Насер Нуредини.
Граѓаните со поделени мислеа, некои сметаат дека време е да мислиме и на екологијата, други пак не го поддржуваат покачувањето на цената на пластичните кеси на 15 денари.
„Скапи се како не глупости живи со кесиве“.
„Јас и пред тоа си купував со торбичка. А инаку делува и тоа. Веројатно е многу но тоа е цалта да не ги користиме заради екологија. Ја оправдувате мерката? Да потполно“.
„Не знам како ќе работиме ама ќе се навикнеме. Требаше поевтини да бидат за нашите луѓе се многу 15 денари за кеса. Што да купат попрво леб или кеса? Ако еден леб е 25, 30 треба 50 ден. еден леб да го платат“.
Во Грција како членка на ЕУ 50% од кесите се полиетиленски. Во ниедна европска земја кесите не се 100% биоразградливи. Во 2015-та во Германија е донесен закон според кој прозводителите треба да го пренаменат во рок од 7 години, но за биоразградливост воопшто не се споменува.
