Тренерот на Аталанта призна дека имал симтпоми на коронавирус кога го водел тимот во ЛШ, Валенсија бара да биде казнет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, ја разбранува фудбалската јавност со признавањето дека за време на мечот со Валенсија на гостински терен во рамките од 1/8 финалето од Лигата на шампионите, имал симптоми на Ковид-19, а потоа тестовите покажале дека го има вирусот.

Аталанта доаѓа од Бергамо, едно од најголемите жаришта во Италија, а потоа и Шпанија жестоко се бореше со коронавирусот.

Од Валенсија, пак, бараат Гасперини да биде жестоко казнет за ова, затоа што го загрозил здравјето на многумина. Згора на тоа тој не смеел со симптоми да патува во друга земја.

Валенсија истакна изненаденост од однесувањето на тренерот на Аталанта дека ќе испрати жалба до УЕФА.