„Тресеше речиси една минута“ – силен земјотрес ја потресе БиХ, се почувствува и во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес вечерва ја потресе Босна и Херцеговина.

Според првите информации, јачината е 6,0, а епицентарот бил на 15 километри од Столац.

Земјотресот погоди многу градови во Босна и Херцеговина, а се осети и во регионот.

„Од силината на земјотресот се се тресеше речиси една минута“, велат граѓаните.

Граѓаните пак, кои живеат на горните катови известуваат дека работите паѓале врз нив.