Пламените јазици трет ден беснеат на планината во близина на Кичево. Од село Тајмиште, пожарот е проширен на другата страна кон село Бачиште. Теренот е тешко достапен, а во моментов загрозени се неколку плевни, пламените јазици брзо се спуштаат.
„Се наоѓаме на еден километар над селото Бачиште, пожарот кој веќе трет ден почна да се рашири на оваа планина, започна од село Тајмишти и излезе од оваа страна во село Бачиште, се приближи на еден километар кај селото, Канцеларијата на Македонски шуми во Кичово се справуваат со пожарот, локализирале дел од пожарот, но тој почнал да се шири во долниот дел“, јавува репортерката на ТВ21, Салије Садику.
Раководителот на подружницата Македонски шуми – Кичево, Зоран Керстоски, вели дека теренот е многу тежок, а ни пожарникарите не можат да навлезат за да го изгаснат.
Тој вели дека причина за овој пожар е човечкиот фактор, поточно ловџиите.
Повеќе од 30 жители на селото дојдоа на помош и помагаат во гаснењето на пожарот. Некои со коњи заминале во најтешкиот дел и се обидуваат да го изгаснат пожарот. Овој жител вели дека 57 години не памети ваков пожар.
Покрај овој дел во Кичево, има уште еден активен пожар кој е над селото Коларе, кај Стража. Пожарот во тој дел е локализиран и засега не претставува опасност и не се очекува негово проширување.
