Трет ден од вакцинацијата со „Фајзер“ – се вакцинирале 453 од 8 илјади здравствени работници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трет ден од вакцинацијата. Вака чекаат ред здравствените работници за да ја примат Фајзер вакцината. Бидејќи здравствените работници од ковид центрите на главниот град се вакцинирале, сега на ред се тие од ковид центрите од другите градови.

„И денеска продолжува процесот на вакцинација во пунктот кој е пред нас. Првите два дена се вакцинирале вкупно 453 здравствени работници од вкупно 8000 пријавени“, истакна репортерката на ТВ21.

Слушнавме некои од нив како се пожалија за долгото чекање и дека постапката не се одвива според терминот, меѓутоа пред камера не добивме таква изјава. Две сестри од Цовид центрите во Кавадарци кои ја примија првата доза од вакцината, ни рекоа дека процесот се одвива добро и дека воопшто немале дилема да се вакцинираат и дека не очекуваат сериозни нус појави.

Како што е познато, имунизацијата започна со првите вакцини кои пристигнаа во земјава како донација од Србија, а до крајот на месецот се очекуваат и кинеските вакцини кои земјава веќе ги купи. Меѓутоа дали размислува Владата за некој нов договор додека ги чекаме овие вакцини, можеби со Русија за вакцината Спутник, премиерот Зоран Заев со одговор.

Инаку од МЗ соопштуваат дека на страната на интернет за вакцинација се регистрирани 58.500 граѓани, а преку матичните лекари 32.917 граѓани на возраст над 70 години. Вакцинацијата за здравствениот персонал кој е во првите редови во борбата против ковид 19 на Инфективната клиника, каде што е поставен пунктот, се одвива во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот, од понеделник до сабота.