Гостиварци ослободени од плаќање на водата за месец август

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со последната одлука на Општинскиот совет, граѓаните на Гостивар ќе бидат ослободени од плаќање на сметките за вода за месец август. Иницијативата беше преземена од Советот на Општина Гостивар како мерка за ублажување на последиците од кризата и епидемијата, кои траеја еден месец.

На денешната седница беа разгледани и можностите за ослободување од обврската за плаќање на водата за пиење за повеќе месеци. Според претседателот на Советот, Валдет Џафери, тоа би можело да се направи за два или три месеци, но таквата одлука мора да биде и реално спроведлива.

Директорот на ЈП „Комуналец“, Алмир Даути, појасни дека вонредната состојба со снабдувањето со вода траела еден месец и смета дека ослободувањето од плаќање е доволно за еден месец, односно за месец август.

Од страна на одговорните лица во ЈП „Комуналец“ беше соопштено дека на следната седница ќе бидат презентирани плановите за надминување на проблемите со редовното снабдување со вода за пиење во неколку населби.