Трет обид бугарските пратеници да одберат претседател на Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За претпладнево е закажана нова седница во Народното собрание во Бугарија, со цел да се избере претседател на парламентот. Ова ќе биде трет обид да се избере собраниски спикер.

Претходните два беа неуспешни, односно на отворањето на новиот парламент на 11 ноември, и еден ден подоцна. На 13 ноември пратениците не дојдоа до договор кој да раководи со институцијата, па состанокот беше прекинат.

За оваа функција се номинирани пет кандидати: Андреј Цеков од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), Петар Петров од „Преродба“, Наталија Киселова од „БСП – Обединета левица“, Николета Кузманова од „Има таков народ“ и Раја Назаријан од ГЕРБ-СДС.

На неодамна одржаните парламентарни избори во Бугарија, партијата ГЕРБ на Бојко Борисов доби најмногу гласови, но недоволно за самостојно да формира влада.