36-годишниот Трајковски Дончо од с.Црешнево, Македонски Брод е лице со интелектуална попреченост кој смета дека неосновано му се скратува правото на надоместок кој законски му следува. Но, Комисијата која дала конзилијарно мислење, тври дека не му следува. Тој ја посети ТВ21 сам, без придружба со цел да го сподели проблемот со кој се соочува.
„По третпат поднесувам барање до Комисија во Клинички центар „Мајка Тереза“ за оставарување право на паричен надоместок поради тешка попреченост согласно законот и правилникот за оставрување на правото ги исполнувам сите услови законски. Но, и покрај исполнетите законски услови и критериуми и Правилникот даден од Министерот за здравство и Труд и социјала, комисијата не го почитува законот, неосновано не одбива ми вика дека не ми следува.“, вели Трајкоски.
Трајкоски смета дека Комисијата работи незаконски и треба да се разреши за да може да го оствари правото на паричен надоместок како лице со интелектуална попреченост.
-Моето барање е Комисијата сегашна да се разреши да се поднесе дисциплинска постапка од страна на Министерот за здравство Венко Филипче, бидејќи е нестручна и не работи по закон-вели Трајкоски.
По ова негово барање побаравме став од Клиниката за психијатрија, а во дописот ни одговорија:
„Стручниот колегиум на Клиниката за психијатрија го потврдува стручното мислење на Комисијата.“.
Тие сметаат дека Дончо Трајкоски нема тешка, туку лесна интелектуална попреченост и затоа не му следува надоместок.
