Тргна првиот воз од Берлин до Париз, ќе се патува помалку за шест часа, a цената на картите е поволна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот брз воз на новата линија што ги поврзува Берлин и Париз тргна во понеделникот од германската престолнина.

Возот веднаш по пладне тргна од централната станица во Берлин, а во француската престолнина треба да пристигне во 19 часот и 55 минути по постојките во Франкфурт, Карлсруе и Стразбур.

Шефот на германската железница Дојче Бан Ричард Луц, министерот за транспорт Фолкер Висинг и францускиот амбасадор во Германија Франсоа Делатре беа сведоци на историското поаѓање на возот. 

„Добрата француско-германска соработка е столбот на обединета Европа. Новата директна линија (Интерсити-Експрес) меѓу Берлин и Париз е симбол за тоа“, рече Луц. 

Билетите се достапни од 59,99 евра и се продаваат брзо, велат од „Дојче Бан“.

Берлин и Париз претходно беа директно поврзани само со ноќен воз, а патувањето траеше околу 14 часа.