Три активни пожари во Македонија имаше во 13 часот, и тоа:
Општина Пробиштип: с. Неокази (ниска вегетација);
Општина Штип: место викано „Исар“, централно градско подрачје (ниска вегетација);
Општина Чешиново-Облешево: с. Новоселани (ниска вегетација).
Од ДЗС информираат дека пожарот на „Исарот“ се гаси со ер-трактор.
Пожарот во Пробиштипско е започнат меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино, во Бучиште пожарот е локализиран (една куќа изгорена), но еден дел од пожарот се префрла накај селото Ратавица, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
