Околу аферата за фалсификување на пасоши, проф. д-р Марјан Ѓуровски коментираше вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој кажа дека предложените казни за фалсификување на пасоши од три години се премали.
„За мене три години осуда за затвор за фалсификат пасоши е преседан“, рече Ѓуровски, додавајќи дека во истрагата треба да се вклучат и меѓународни фактори, и поголема соработка межу власта и опозицијата.
Ѓуровски смета дека не се само 215, туку има повеќе фалсификат пасоши.
„Во оваа афера се тврди дека се 215, но веројатно се повеќе“, рече Ѓуровски.
Целата изјава низ видео:
