На 03.06.2026 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата мајка, при што употребил и тврд предмет.
На 02.06.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријави дека на 31.05.2026 во домот во скопско, нејзиниот сопруг Џ.Б.(29) физички ги нападнал неа и нивниот малолетен син, при што употребил и тврд предмет.
На 02.06.2026 во 17:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Т.Т.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата малолетна ќерка.
На 02.06.2026 во 21:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Л.(33) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 34-годишна сопруга дека околу 20:00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, се обидел со остар предмет да ја нападне и ѝ упатил закани.
На 02.06.2026 во 15:20 часот во ОВР Берово, 43-годишна жена од Берово пријави дека на 01.06.2026 околу 18:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, нејзиниот сопруг М.Д. ја нападнал со метален предмет.
На 02.06.2026 во 17:10 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишија од слобода Б.А.(37) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 38-годишна партнерка од тетовско дека околу 08:30 часот на паркинг простор во Тетово насилно влегол во нејзиното патничко возило и ѝ го одзел мобилниот телефон, а претходно ја следел и вознемирувал.
На 02.06.2026 во 20:00 часот, 75-годишна велешанка пријавила дека на 31.05.2026 во домот, по претходна расправија, нејзиниот 78-годишен сопруг физички ја нападнал, при што употребил пластичен и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
