Вчера (1 септември) полициски службеници на СВР Тетово, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека 2 лица од тетовското село Челопек и 1 лице гостиварско Дебреше, иако ималe
решенија за изолација и домашно лекување, не ги
почитувале решенијата и не се наоѓале во нивните
домови.
Против трите лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.
