Три лица за кои се сомнева дека имаат хантавирус, евакуирани од крузерот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три пациенти за кои се сомнева дека се заразени со хантавирус се евакуирани од крузер и се на пат кон Холандија, изјави денес генералниот директор на Светската здравствена организација. Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека здравствената агенција на ОН соработува со операторот на бродот MV Hondius, кој плови под холандско знаме, за внимателно следење на здравјето на патниците и екипажот.

„Во оваа фаза, вкупниот ризик за јавното здравје останува низок“, напиша тој на својот X профил. Друг патник кој претходно бил на MV Hondius е позитивен на хантавирус и се лекува во швајцарска болница, објави денес швајцарското Министерство за здравство.

Здравствените власти нагласија дека епидемијата не претставува сериозен ризик за јавното здравје.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои можност за пренесување од човек на човек меѓу луѓето на бродот. Три лица починаа, а неколку се разболеа. Речиси 150 луѓе остануваат на бродот, кој го управува туристичката компанија „Оушнвајд експедишн“.

Фото: Архива