Три лица загинаа во експлозија во Словенија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во експлозија која се случила денеска попладне во местото Ланчово во северозападниот дел на словенија, загинаа три лица.

Според првите информации, експлодирала печка на тврдо гориво, но оваа вест не е потврдена. Лица од крим техника и полицијата земале примероци, кои се испитуваат.

Експлозијата се случила во изнајмен објект, а во близина имало локална продавница.

Истрагата продолжува утре, кога треба да се знае што ја предизвикало експлозијата.

Словенечките медиуми наведуваат дека загинатите лица биле на 41, 20 и 40 години. Наводно едните биле татко и син, а третото лице сосед.