Три македонски екипи денеска играат во квалификациите во Лигата на Европа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со дуелот Ренова – Хајдук кој стартува во 15:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, денеска стартуваат натпреварите од 2. квалификациско коло во Лигата на Европа на трите екипи од Македонија.

Доколку Ренова мине ќе се сретне со турскиот гигант Галатасарај.

Втора на европската „сцена“ стапува тимот на Шкендија, кој гостува во Романија на тимот на Ботошани. Мечот почнува во 17:45. Ако Шкендија мине, тогаш следниот четврток во Скопје гостува Тотенхем.

Последен настап за денеска има екипата на Силекс која во 20 часот ќе го дочека составот на косовска Дрита. Победникот во следната фаза ќе игра против Легија Варшава.