Три нови разговори на Јутјуб меѓу Јанушев и Јанакиески

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во три нови разговори кои денеска беа објавени на Јутјуб каналот од „Обнова на режимот“ наводно се слуша како носителот на листа во третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески договараат исклучување на лифтови во згради додека граѓаните одат на гласање.

Во еден од разговорите се слуша како Јанакиески го прашува Јанушев како е задоволен од изборите, а во друга „бомба“ пак двајцата соговорници договараат исклучување на струјата во одредени места во точно одредено време.