Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, регистрираше три земјотреси во подрачјето на Бор и околината.
Земјотресите, како што е објавено, се случиле во разлика од 10 минути.
Еден бил со јачина од 2 степени, додека останатите два со 1,7 и 1,8 степени.
Како што се наведува, ова не биле класични земјотреси, туку потреси поради рударски активности.
