ССМ утрово го блокираше главниот влез во Автокоманда. Синдикалците поставија шатори и пуштија музика блокирајќи го главниот влез во Скопје.
Тие инсистираат и не се откажуваат од нивните барања за линеарно покачување на платите за 2806 денари.
Како што најавија, за време на блокадата пуштаа да поминат само пожарникарски, полициски, воени и возила на брзата помош.
Синдикалците бараат покачувањето да почне веднаш од месец јули а утре протестот ќе го продолжат пред МТСП. Минатата недела ССМ протестираше пред Собрание, Влада и Министерството за финансии. Во меѓувреме и натаму на сила е одлуката за генерален штрајк, вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места но нема да ги извршуваат своите работни обврски, 10% од нив ќе бидат на располагање за потребите на граѓаните.
