Тринаесетгодишно момче се удави во поплавите на источниот брег на САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тринаесетгодишно момче се удави во поплавите во американската држава Мериленд за време на обилните дождови на источниот брег на Соединетите Американски Држави, објавија официјални лица.

Противпожарната служба соопшти дека децата си играле на дожд во четврток во заедничка зона помеѓу станбени згради во Маунт Ејри, град со околу 10.000 жители, на околу 30 милји западно од Балтимор.

Момчето починало откако било турнато во одводна цевка од напливот на вода, објави АП.