Трипуновски: Да немате дилема дека некого ќе штитам, а одговорност не чувствувам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски е гостин во Бизнис 21 на ТВ21. Зборувајќи за уапсените во министерството за земјоделство, како и за истраги за проневери за други средства, тој кажа дека нема никого да штити.

Одговорност, како што кажа, не чувствува за уапсените двајца директори Илија Стоилев и Васе Анакиев.

„Ја следам работата во министерството во делот на тековното функционирање. Ако сум увидел неправилности, ќе сум реагирал. Немојте да имате дилема дека некого ќе штитам. Јас сум министер во ресор кој има десетина институции, ја следам програмата на Владата која сме ја ветиле пред граѓаните. И јас трошам многу енергија да ја следам целта да направиме шшот подобро министество. За секого што има сомнеж и доказ за корупција или било која неправилност, ќе има одговорност. Го осудив однесувањето на двајцата директори, но морална одговорност не чувствувам“, изјави Трипуновски.

Претходно Трипуновски кажа дека законот е еднаков за сите без разлика дали се актуелни или поранешни функционери, кои направиле незаконски дејствија.