Бујар Османи вечерва на гостувањето во „Топ Тема“ на Телма, рече дека трите договори се црвените линии на ДУИ за почеток на преговори за Влада.
„Влезен билет за преговори со нас прво се трите договори Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија. Така се поставивме и ние во текот на кампањата, дека ДУИ е гарант на сите три договори. Треба да имаме гаранција дека таа партија со која подоцна ќе разговараме за практичните прашања, за поделба на одговорноста во институциите, треба да се реши таа дилема во однос на трите договори. После ќе влеземе со амбицијата со нашиот кандидат за премиер, другите ќе влезат со нивни кандидати“, рече Османи.
