Тетовскиот универзитет се соочува со големи проблеми, изјавија во Клик Плус, на ТВ21, кандидатите за ректор.
Кандидатката Миќереме Руси, потсети како во ТУ никогаш немало конкурс за ректор.
„Тука не функционира алката, ректорот им диктира на деканите, а деканатот треба да биде посебна институција, деканот треба да се избира според правилата кои постојат и ќе функционира на демократски и слободен начин. Не преферирам да се диктира од горе кој ќе биде член на сенатот, туку слободно…“, рече Руси.
-Така било цело време…
Да, скоро така функционираше.
Професорот Башким Зибери, го критикуваше досегашното раководство на универзитетот, притоа додаде дека на оваа институција и треба достоинствена библиотека, се соочува со тешкотиите за рангирање и има застој во дигитализацијата.
„Студентскиот свет тука не се чувствува толку, треба да ги оставиме студентите да се развиваат, да се организираат на независен начин, а не само да ги земеме и да се сликаме со студентските групи. Доколку студентите немаат искуство во делот на организирањето, ние треба да бараме помош и од меѓународните организации за студентите да го развиваат нивниот студентски свет, да поттикнуваме студентско волонтерство, да ги поттикнеме да учествуваат што повеќе во унијата на студентите и така натаму.“, рече Зибери.
Интернет има, но нема ви-фи и најголемиот проблем е инфраструктурата, смета професорот Јусуф Зејнели.
„Моето убедување е дека треба да се зајакне канцеларијата за квалитет, добро да се ажурираат програмите, внатрешна самоевалуација. Сите имаме интерна евалуација како и надворешна и верувам дека сите овие резултати што ги добиваме, можеби сум самокритичен, сакам да направиме подобра рендгенска снимка, да видиме каде сме поточно, да се зајакнеме за да можеме да видиме точно каде сме, како сме со технологијата и колку сме иновативни пред студентите.“, изјави Зејнели.
Поради недостигот на компјутери и услови, обврзани сме да седиме на кафе, рече професорот Дервиш Алими.
„Дадов пример за антилокализам затоа што мразам локален бајрактаризам, не ни служи поделеноста од локална гледна точка. Мора да се обединиме и да направиме квалитет. Ни требаат институти за да одиме од канцеларија да одиме и да правиме научно истражување, за да бидеме попродуктивни, но ги немаме, ја имаме библиотеката, но немаме читални.“, вели Алими.
На крајот од дебатата кандидатите беа прашани за кој кандидат ќе гласаат. Башким Зибери најави дека ќе гласа за Миќереме Руси. Дервиш Алими рече дека ќе гласа за професорот Башким Зибери. Миќереме Руси за Башким Зибери, поради тоа што студирал во странство и би можел да ги имплементира различните трендови на универзитетот. Во меѓувреме, професорот Јусуф Зејнели не кажа дали ќе гласа за некој од кандидатите, но ги повика професорите и студентите да го поддржат него.
