Тројца обвинети ја признаа вината – осудени на затвор за фалсификување на возачки дозволи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тројца обвинети во случајот за фалсификување на возачки дозволи ја признале вината и биле осудени на затворски казни во скратена постапка.

Едната од обвинетите, вработена во Министерството за внатрешни работи, е осудена на две години и шест месеци затвор, додека другите двајца обвинети се осудени на по една година и три месеци затвор.

Според Обвинителството, случајот се однесува на незаконско внесување категории во возачки дозволи, како и на нивно издавање и користење. Службеничката се сомничи дека ги користела службените кодови за да менува возачки дозволи и да додава категории за кои лицата не ги исполнувале условите.

Тројцата обвинети што се осудени се оставени во притвор. Во меѓувреме, три други лица остануваат недостапни за органите на правдата, додека Обвинителството обезбедува докази и против уште 21 лице осомничени во врска со случајот.