Тројца уапсени при обид со фалсификувани документи да подигнат кредит од 900.000 денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три лица од Скопје се лишени од слобода поради обид со фалсификувана документација да подигнат кредит во износ од 900.000 денари од банка во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, на 29 јули 2026 година полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал ги уапсиле И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), сите од Скопје.

Тие се сомничат за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик.

Според истрагата, И.Т., со помош на останатите две лица, се обидел да аплицира и да подигне кредит од 900.000 денари, користејќи фалсификувана лична карта со податоци на друго лице, како и фалсификувана кредитна документација.